Закон за сметководство за непрофитните организации
Овој закон и неговите подзаконски акти воспоставуваат посебен сметководствен систем за непрофитните организации кој се разликува од сметководството за трговските друштва со цел да одговори на специфичните потреби на граѓанските организации. Со него се уредуваат начинот и условите за сметководство на непрофитните организации, видовите деловни книги и обработката на податоците, правилата за приходи и расходи, обврските за финансиско известување како и санкциите за непочитување. Неодамнешната проценка ги идентификува следните недостатоци на овој закон:
Закон за донации и спонзорства
Со овој закон се уредуваат критериумите и постапката за поттикнување донации и спонзорства во работи од јавен интерес преку даночни ослободувања. Иако законот е на сила речиси 15 години и беше менуван неколку пати, клучните предизвици во обезбедувањето на неговата ефикасност остануваат нерешени. Важечкиот закон не го дава потребниот поттик за зголемување на донации и спонзорства во областите од јавниот интерес. Со измените на законот треба да се решат следниве прашања:
Закон за данок на добивка
Во 2018 година беше донесена значителна измена на Законот за данок на добивка за граѓанските организации. Целта беше да се надмине долгогодишниот двосмислен статус на непрофитните субјекти во однос на пресметката и плаќањето на данокот кој во суштина е поврзан со добивката. Во него јасно беше наведено дека граѓанските организации не подлежат на овој данок за нивните приходи остварени од: членарини, трустови, фондации, донации, грантови, подароци итн. Меѓутоа, доколку граѓанските организации остваруваат приходи од стопанска дејност, тие се обврзани да платат данок на добивка во износ од 1% од вкупниот приход од стопанската дејност доколку приходот е поголем од 1.000.000 денари. Ова е значајно подобрување што овозможува спроведување на стопански дејности, но сè уште се неопходни дополнителни измени во ЗЗФ во однос на предусловите за вршење на стопански дејности и во законот и подзаконските акти за сметководство на непрофитните организации за документирање и известување за остварениот приход.
Закон за данокот на личен доход
Со овој закон се уредува утврдувањето на оданочливиот доход и обврската за плаќање данок на личен доход. Неодамнешните измени на овој закон во голема мера ја појаснуваат и подобруваат законодавната рамка релевантна за граѓанските организации за тоа што се смета даночен приход. Трансакциите поврзани со превоз, сместување, храна за настани организирани од граѓански организации со соодветна документација се ослободени од оданочување. Новиот закон од 2018 година и последователните измени генерално одговорија на потребата и барањата на граѓанските организации за изземање на одредени трансакции карактеристични за активностите на граѓанските организации (патни трошоци за обуки, сместување и освежување за време на работилници) од обврската за пресметување и плаќање данок на личен доход.
Закон за данок на додадена вредност
Ова е обврска на граѓанските организации како продавачи или купувачи на стоки и услуги кои подлежат на ДДВ, како и постапка за ослободување од ДДВ. Клучно прашање е пролонгирањето на постапката за ослободување од ДДВ што негативно влијае врз спроведувањето на проектите од страна на граѓанските организации кога таквото ослободување го бара донаторот. Законот не предвидува никакви даночни олеснувања за организациите од јавен интерес. Клучно прашање останува пролонгирањето на постапката за ослободување од ДДВ што негативно ќе влијае на спроведувањето на проектите од страна на граѓанските организации кога таквото ослободување го бара донаторот.

ПРАВНА РАМКА ЗА РАЗВОЈ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
На ова се надоврзува и потребата од правна сигурност – нејасните дефиниции и одредби може да бидат (зло)употребени од страна на владите заради таргетирање на граѓанските организации. Ова опфаќа широк опсег на закони со кои се уредуваат: основањето, регистрацијата, финансирањето, оданочувањето и учеството во процеси на донесување политики одлуки.
Во Република Северна Македонија, националното законодавство за граѓанските организации е составено од сеопфатна и доста хетерогена група закони, подзаконски акти, деловници, одлуки, како и акти на мекото право, како што се кодексите. Нормативната рамка за граѓанските организации генерално е во согласност со меѓународните стандарди, но постојат одредени прашања и предизвици кои имаат негативно влијание врз опкружувањето на граѓанското општество.
НОРМАТИВНА, ИНСТИТУЦИОНАЛНА И ФИНАНСИСКА ПРАВНА РАМКА
ВЛИЈАТЕЛНИ ПОЛИТИКИ И ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ОДЛУЧУВАЊЕ
ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ОПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ
Закон за јавни собири
Со овој закон се уредува начинот на остварување на уставно загарантираното право на протест. Бидејќи граѓанските организации често прибегнуваат кон јавни протести како алатка за подигнување на гласот и загриженоста во врска со одредени политики, како и за други цели на застапување, поволното законодавство е суштинско за граѓанските организации да уживаат, без непотребно мешање, во слободата на собирање. Законот го дефинира значењето на поимот јавен собир и го разграничува од други собири кои не се поврзани со изразување мислење или протест.
Врз основа на претходните проценки на законот, граѓанските организации се засегнати од следните прашања:
Закон за слободен пристап до информации
Пристапот до информации е клучен предуслов за поголема вклученост на граѓанските организации во процесите на креирање политики. Новиот закон за слободен пристап до информации е донесен во 2019 година и предвидува неколку новини кои се очекува да го подобрат пристапот до информации. Се заснова на принципите на максимална отвореност, проактивна обврска за објавување податоци, ограничен број ограничувања и процедури за олеснување на пристапот до информации. Со цел да се подобри спроведувањето, со новиот закон регулаторната комисија е трансформирана во агенција која има надлежност да ги санкционира и казни одговорните органи кои не го почитуваат законот.
Закон за референдум и други облици за непосредна демократија
Со овој закон се утврдува процедурата за иницирање, спроведување и распишување референдум (национален или локален), граѓанска иницијатива и градски собир. Иако граѓанските организации не ги користат често, тие остануваат значајна алатка за влијание врз политиките и одлуките и се од суштинско значење за демократијата. Во изминатиот период имаше неколку случаи кога граѓански организации иницираа локални референдуми.
Искуството од локалните референдуми покажа неколку проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации при обидот да иницираат референдум за одредено прашање од јавно значење:
Закон за лобирање
Новиот Закон за лобирање е донесен во јуни 2021 година. Согласно овој закон, поведување на граѓанска иницијатива согласно закон, комуникација помеѓу здруженија и фондации основани согласно Законот за здруженија и фондации со органите на извршната и законодавната власт и органите на единиците на локалната самоуправа не се третираат како лобирање.
Деловник за работа на Владата
Деловникот за работа на Владата пропишува обврска на министерствата да ги објавуваат предлог-законите на својата веб-страница и на ЕНЕР за консултација (чл. 68-а). Рокот од 20 дена по објавувањето за заинтересираните страни (вклучувајќи ги и граѓанските организации) да дадат мислење, коментари и препораки е значително пократок во споредба со другите земји од регионот (на пример, триесетдневен период за консултации во Хрватска). Министерството во извештајот за проценка на влијанието на законските прописи ги наведува добиените коментари и доколку не ги прифати дава соодветно оправдување за тоа. Не постои обврска за објавување предлог-закони кои треба да се донесат по итна постапка.
Кодекс на добри практики за учество на граѓанското општество во процесот на креирање политики
Кодексот не е закон сам по себе, туку листа на незадолжителни препораки што Владата ги доставува до јавната администрација за вклучување и учество на граѓанското општество во процесот на креирање политики. Ја дефинира областа на соработка, видовите и фазите на соработка (информации, консултации, дијалог, партнерство) и инструментите (на пр. веб-страница на ЕНЕР, јавни настани итн.). Кодексот го одредува Одделението за соработка со граѓански организации при Генералниот секретаријат на Владата како клучна фокусна точка помеѓу граѓанските организации и јавната администрација.
Насоки за ПВР
Насоките и Методологијата се подзаконски акти на Деловникот за работа на Владата кои го насочуваат процесот на проценка на влијанието на регулативата. Слично на Кодексот за добри практики за учество на граѓанското општество во процесите на креирање политики, тие се издаваат во форма на меко право. Тие го регулираат процесот на проценка на регулаторното влијание на предложеното законодавство. Еден од клучните елементи на ПВР е процесот на консултации со засегнатите страни (вклучувајќи ги граѓанските организации) каде што се дадени неколку насоки за процесот на консултации. Меѓутоа, формулацијата на одредбите и која форма на консултации ќе се користи зависат исклучиво од дискреционото право на министерствата и другите тела. Во праксата не е невообичаено да се забележат неконстантни и различни пристапи за спроведување на процесот на ПВР меѓу различни министерства, но понекогаш дури и во рамките на истото Министерство за различни законски иницијативи.
Закон за младинско учество и младински политики
Овој закон е донесен во јануари 2021 година и има за цел да ги регулира формите на младински организации и учеството на младите во процесите на одлучување релевантни за нив. Ги дефинира критериумите за тоа што може да се смета за младинска организација, како и улогата и функцијата на националните младински чадор-организации и националното младинско собрание. Законот предвидува и формирање на национално советодавно тело за младински политики како и правна потврда на локалните младински совети. Допрва треба да се донесат подзаконските акти за негова имплементација, а законот сè уште не е целосно функционален.
Други закони релевантни за учество
Вклучувањето на граѓанските организации во процесот на креирање политики во одредени области е предмет на регулирање на конкретни закони. Иако развојот на граѓанските организации не е во фокусот на овие закони, законските решенија предвидени во нив може да имаат значително влијание врз потенцијалот на граѓанската организација да биде активен учесник во политичките и процесите на одлучување.
Покрај горенаведените закони, постојат дополнителни закони кои се однесуваат на вклучувањето на граѓанските организации во процесите на донесување политики и одлуки кои во помала мера се релевантни за овозможувачка средина во која би можела да делува една граѓанска организација. Тоа се:
Закон за концесии и јавно приватно партнерство
Со овој закон, меѓу другото, се уредуваат договорите за основање на јавно приватно партнерство како и други релевантни прашања поврзани со јавното приватно партнерство. Ги утврдува општите основни правила за воспоставување јавно-приватно партнерство каде што е овозможено делегирање на јавни услуги на приватни субјекти (вклучувајќи и граѓански организации). Законот не ги ограничува приватните партнери само на деловни субјекти и теоретски регистрирана граѓанска организација може да биде дел од таков договор.
Закон за социјална заштита
Законот за социјална заштита од 2019 година овозможува услугите за социјална заштита да им се доверуваат на здруженија (не фондации) и нивно овластување како даватели на социјални услуги. Аутсорсингот може да се врши на централно ниво, од страна на МТСП и на локално ниво, од страна на општините. Видовите услуги што граѓанските организации можат да ги вршат вклучуваат: социјални услуги дома (нега и лични асистенти), социјални услуги во заедницата (дневен престој, ресоцијализација итн.), дополнителна семејна грижа, информирање и упатување, стручна помош и помош и советување. Иако некои од услугите може да се вршат само врз основа на лиценцирање, во некои специфични случаи (на пример, засолништа) граѓанските организации мора да основаат посебна установа.
Закон за бесплатна правна помош
Овој закон им овозможува на граѓанските организации да добијат овластување за пружање примарна правна помош (правни информации, совети, упатување, пополнување формулари и други услуги) на сиромашните луѓе. Ги поставува критериумите за авторизација, видовите услуги што можат да ги пружаат, финансирањето и надзорот. За пружање услуги, граѓанските организации може да бараат надомест по исполнување на бараните критериуми или да аплицираат за грант поддршка. Министерството за правда еднаш годишно објавува јавен повик за поддршка на проекти кои се однесуваат на правна помош и пристап до правда.
Други закони според кои граѓанските организации можат да пружаат услуги
Постојат и некои други закони кои се однесуваат на граѓанските организации како даватели на јавни услуги кои во помала мера се релевантни за овозможувачка средина во која би можела да делува една граѓанска организација. Тоа се:
Еден од предусловите за гарантирање на демократијата е да се обезбеди учество на граѓаните и на граѓанското општество во целина во донесување на политичките одлуки. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (во натамошниот текст Советот) сам по себе претставува највисоко ниво на учество на граѓанските организации – партнерство помеѓу Владата и граѓанските организации. Следствено, Советот создава можност за инклузивни процеси на креирање политики и насочени политики за развој на граѓанското општество што ја демонстрира посветеноста на владите кон граѓанските организации и отворен дијалог меѓу двата сектора.
ЕУ преку Насоките за ЕУ поддршка на граѓанското општество во земјите кандидати 2014-2020 го разгледува квалитетот на телата за соработка помеѓу Владата и граѓанските организации во однос на: застапеноста на граѓанските организации воопшто, како и застапеноста на помалите граѓански организации; видливост и достапност до изборните единици, за перцепцијата на Владата за квалитетот на овие структури и механизми и перцепцијата на граѓанските организации за овие структури и механизми.
Советот е советодавно тело на Владата на Република Северна Македонија формирано со цел да ја промовира соработката и развојот на дијалогот со граѓанскиот сектор во земјата. Со 15 членови од јавните институции и 16 претставници од граѓанските организации, Советот активно иницира дискусии за прашања релевантни за граѓанското општество.
Претставниците на граѓанското општество на Советот се избираат во отворена и транспарентна постапка која обезбедува претставување на група, платформа или граѓански организации и/или одредена експертиза во една од областите пропишани со Одлуката за формирање на Советот.
Претставниците на Владата во Советот ги именува Владата од различни институции со цел да се обезбедат можности за дијалог и консултации во областа на развојот на граѓанското општество меѓу Владата и граѓанското општество.
(Содржината и структурата, како и модалитетите на неговото дополнување со информации треба да бидат предмет на дискусија и договор со Советот)