Нoвости
14 Oct

ГО заинтересирани за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ

14 October 2022

Во периодот од 4-ти до 10-ти октомври, околу 120 претставници на граѓански организации беа информирани за тековниот повик за директна  поддршка на седумте информативни сесии организирани во различни плански региони на земјата.  Учесниците имаа можност да поставуваат прашања за време на презентацијата како и потоа.

Генерално, граѓанските организации кои учествуваа на овие информативни сесии отворено го поздравија МГО механизмот, коментирајќи дека овој повик е наменет за мали организации, процедурите за аплицирање се лесни за следење, формуларот за апликација не е комплициран и е лесен за разбирање и пополнување.  Малите локални организации беа задоволни што организациите без „проектно резиме“ може да аплицираат.  На сите локации учесниците изразија интерес да аплицираат и поставуваа конкретни прашања што може да доведат до добра географска покриеност на обезбедената директна поддршка.

Поради големиот интерес на граѓанските организации, проектниот тим ќе продолжи со спроведувањето на овие информативни сесии и во следниот период, па во таа насока, онлајн информативна сесија ќе се одржи на платформата ZOOM на 18-ти октомври 2022 година од 15:00 часот.  Ве молиме пријавете го вашето учество за оваа онлајн сесија на info@eu4cr.mk најдоцна до 17-ти октомври.

Линкот до оваа онлајн сесија ќе биде испратен само до пријавените учесници.

Вториот круг на информативни сесии ќе се одржи во периодот од 19-ти до 28-ти октомври во Велес, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија, Делчево, Кратово и Скопје.  Повеќе детали за овие настани ќе следат наскоро на веб-страницата www.eu4cr.mk .