Во првата половина на октомври 2022 год, ќе организираме регионални информативни сесии за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ на седум различни локации. На настаните ќе ги информираме организациите низ целата земја за повикот за предлози и подетално да ги презентираме критериумите и насоките за апликантите. За време на сесиите, организациите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат појаснувања за повикот.
Информативните сесии ќе се одвиваат со следниот распоред:
| Датум и време | Локација |
| 04.10.2022, 11-14:00 часот | Хотел Епинал , Битола |
| 05.10.2022, 10-13:00 часот | Хотел Сити Палас, Охрид |
| 05.10.2022, 17-20:00 часот | Хотел Гили, Гостивар |
| 07.10.2022, 10-13:00 часот | Хотел Вила Парк, Струмица |
| 07.10.2022, 17-20:00 часот | Хотел Фени , Кавадарци |
| 10.10.2022, 10-13:00 часот | Ресторан Грација , Куманово |
| 10.10.2022, 17-20:00 часот | Хотел Сити Ин, Кочани |
Сите заинтересирани треба да го пријават своето учество на info@eu4cr.mk со наведување на локацијата каде што ќе учествуваат.
Механизмот за граѓанска отпорност е директна поддршка за граѓанските организации (ГО) со што ќе им се овозможи да преземат активности за навремено да одговорат на потребите во нивните заедници и да ја зајакнат отпорноста на граѓаните при зачестени општествени промени. Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, со годишен буџет до 50.000 евра во претходната година. Индикативниот износ на расположливи средства според овој повик за предлози е 900.000 евра, додека максималниот износ по одобрена акција е 20.000 евра со времетраење на акцијата од минимум три месеци.
Повеќе информации за Механизмот за граѓанска отпорност се достапни тука .