Проектот за техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија финансиран од ЕУ (Проектот) на 12-ти и 13-ти декември 2022 година, организираше четири консултативни тркалезни маси на конкретни теми, релевантни за тековниот процес на изготвување амандмани на Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ).
Целта на консултациите беше да се обезбеди вклучување и учество на претставниците на граѓанските организации (ГО) во процесот на изготвување амандмани преку добивање на нивниот придонес (во форма на коментари, сугестии и мислења), за четири конкретни теми, идентификувани во Акцискиот план за Стратегијата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 како цели на планираните измени на ЗЗФ. Четирите теми вклучуваа:
Проектот ја нагласува потребата и користа од пошироки консултации во сите фази на процесот на донесување закони со цел обезбедување инклузивност, учество и сопственост над реформите на Владата и на ГО.
Тркалезните маси беа организирани во форма на хибридни настани, со што се овозможи учество лично и онлајн (преку Zoom). Тркалезните маси беа отворени за сите заинтересирани учесници. На консултациите присуствуваа над 30 претставници на ГО. Консултациите беа најавени преку јавен повик за учество објавен на 5 декември на веб-страницата на Проектот и на www.nvosorabotka.gov.mk, како и преку мејлинг листите на Граѓанскиот ресурсен центар.
Целосниот Извештај од консултациите може да го најдете овде.