Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија” бара искусни експерти за конкретни задачи за поддршка на спроведувањето на проектот. Целта на проектот е да ја поддржи Владата во унапредувањето на овозможувачката средина за граѓанското општество, а во исто време да обезбеди поддршка на малите и основните („грасрут“) организации во градењето на капацитетите и развојот на нивната одржлива оперативна способност.
Проектот го спроведува конзорциум предводен од Corporate & Public Management Consulting International (CPM) преку следните компоненти:
Компонента 1: Поддршка на спроведувањето на главните цели од Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општество (2018-2020) – Приоритет I
Компонента 2: реализација на директна непарична поддршка преку Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) прилагодена на потребите на граѓанското општество во Република Северна Македонија
Компонента 1A: Поддршка на спроведувањето на главните цели од Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општество (2022-2024)
Компонента 2А: Поддршка во спроведувањето на главните цели од Акцискиот план за родова еднаквост 3 – План за спроведување во Република Северна Македонија.
Повеќе детали на линкот. Краен рок за аплицирање: 23 јуни 2025 година.