Нoвости
26 Nov

Работилница за информирање, комуникација и консултација на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

26 November 2021

Работилницата за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се одржа од 24 до 25 ноември 2021 година. На неа присуствуваа членовите на Советот и претставници на Одделението за соработка со граѓански организации на Генералниот секретаријат, а дискусијата имаше за цел да се постигне заедничко разбирање за главните предуслови за ефективна внатрешна и надворешна комуникација на Советот и за подобрување на севкупната стратешка комуникација со главните чинители.

Претходната анализа на експертите од Проектот за техничка поддршка укажуваше на потребата од поголема видливост, проактивна комуникација и настани за подигање на свеста, преку воспоставување редовна комуникација со медиумите и надградба на онлајн алатките за подобро да се допре до граѓанските организации и пошироката јавност низ целата земја.

Во текот на дискусијата беше ставен акцент на планирањето на работата на Советот согласно клучните приоритети кои произлегуваат од Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општество и од Акцискиот план.

Советот и Одделението за соработка со граѓански организации се обврзаа во декември да го изработат и усвојат Годишниот работен план за 2022 година, и кој ќе служи како основа врз која ќе се изработи Планот за комуникација на Советот со цел истиот да биде усвоен во јануари 2022 година.

Проектот за техничка поддршка финансиран од ЕУ ги поддржува Советот и Одделението за соработка со граѓанските организации преку експертиза и најдобра практика на ЕУ за постигнување подобра комуникација со граѓаните и засегнатите страни, вклучително и зголемена транспарентност и видливост кон широката јавност.

Дневниот ред на работилницата можете да го најдете овде.