Надоврзувајќи се на препораките истакнати од експертите во рамки на Проектот за техничка поддршка за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2018-2020 кои укажуваат на потребата од подобро дефинирање на индикаторите и финансиските проекции, се одржа работилница на која се дискутираа коментарите за новата Стратегија и Акциски план 2022-2024 година на експертите на Проектот за техничка поддршка. Поконкретно, дискусијата се фокусираше на подобрувањето на структурата на Акцискиот план, дефинирањето на главните индикатори за исходот и можните целни вредности, идентификацијата на потребите за дополнителни информации и форматот на собирањето податоци. Беше посочена важноста на кохерентноста на ниво на целите и индикаторите за исходот со другите национални стратешки документи, вклучително и усогласувањето со нацрт-Упатствата на ЕУ за поддршка на граѓанското општество во земјите од процесот на проширување. Работилницата „Поддршка на развојот на владината стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество и Акциски план 2021-2024“ се одржа на 14 септември 2021 година.
Дневниот ред на работилницата можете го најдете овде.
