Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество го усвои Годишниот работен план за 2022 година. На 15 декември на Работилницата за стратешко планирање, која беше организирана со поддршка на Проектот за техничка поддршка, се разговараше за развојот на работниот план на Советот со фокус на приоритизацијата на целите и изборот на главните активности, вклучително и потребните човечки и финансиски ресурси и комуникациската стратегија неопходни за постигнување на целите на Советот.
Работниот план на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2022 година можете да го најдете овде.
