Нoвости
09 Dec

Планирање на консултации пред процесите на ревизија на законите во областа на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество

09 December 2021

Како клучен аспект на инклузивното креирање политики, опсегот и начинот на консултации со засегнатите страни е област каде што е потребно дополнително подобрување. И помеѓу државните институции и помеѓу граѓанските организации постои мислењето дека во моментов неопходно е да се заобиколат минималните услови за консултации за да се обезбеди навремено разгледување на загриженостите и предлозите на засегнатите страни и да се даде навремена повратна информација.  КОВИД-19 состојбата сериозно влијаеше врз директната комуникација помеѓу државните институции и граѓанските организации, сведувајќи ја главно на онлајн комуникација. Кога станува збор за правната рамка за развој на граѓанското општество, за да се обезбеди целосно транспарентен и инклузивен процес за време на ревизијата на клучните правни акти, експертите на Проектот за техничка поддршка развија план за консултации кој предлага повеќе методи на консултации со цел да придонесе за најавените процеси на ревизиите на законите во 2022 година. Планот претставува комбинација на методи и алатки за проширување на опсегот и обезбедување на соодветен пристап во согласност со целните групи на засегнати страни.

Предлог планот за консултации може да се најде овде.