ЕУ проектот “Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија” во соработка со Генералниот секретаријат на Владата, Одделението за соработка со граѓанските организации, во континуитет организираше две работилници на тема „Градење позиции и постигнување консензус во работата на меѓусекторските советодавни тела“. Целта на работилниците беше да се разговара со членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за предизвиците и можностите за градење позиции и консензус имајќи ги в предвид спецификите на застапување на државните институции односно ГО во Советот. На две одвоени сесии, една со претставници на државните институции и една со претставници на граѓански организации во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество беа презентирани и дискутирани најдобрите практики и клучните чекори во процесот на градење консензус и постигнување консензус. Проектот за техничка поддршка ќе го поддржи натамошното унапредување на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество преку размена на искуства на регионално ниво и развој на програми за градење капацитети за членовите на Советот.
Работилниците се одржаа на 16ти и 17ти Мај 2022 во Скопје. Агендата на работилницата можете да ја најдете овде.




