Даночната рамка за граѓанските организации (ГО) е важен елемент од средината во којашто тие делуваат. Таа може да го поттикнува нивниот развој и одржливост, но може да креира и бариери за функционирањето на граѓанските организации. Поволната даночна рамка треба да ги рефлектира спецификите на работењето на ГО различно од тоа на комерцијалните субјекти, да го препознае делувањето на ГО во поширок јавен интерес и да обезбеди даночни поттикнувања за донаторите на граѓанските организации. Имајќи ги предвид тековните процеси на измени на законската рамка за здруженија и фондации, даночните реформи како и целите и задачите од
Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024, потребно е да се согледаат искуствата со примената на сегашната даночна рамка и да се развијат предлози за нејзино унапредување.
Проектот на Европската Унија „ Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија “ ве кани на средба за консултација со граѓанските организации за даночната рамка за граѓанските организации што ќе се одржи на 28 февруари 2023 година, со почеток во 11 часот (Местото на одржување на настанот ќе биде споделено дополнително со заинтересираните учесници). Целта на средбата е да даде придонес во унапредување на даноците што се од важност за ГО. На средбата ќе имате можност да:
– се информирате за постоечката даночна рамка (оданочување на приходите, данокот на додадена вредност и оданочувањето на донациите и спонзорствата) во земјите од Европската Унија и во Република Северна Македонија;
– ги истакнете потребите и предизвиците со коишто се соочувате како граѓански организации во примената на сегашната даночна рамка;
– ги споделите вашите сугестии за измени и унапредување на даноците за да соодветствуваат на потребите и спецификите на граѓанските организации.
Согледувањата и препораките од консултациите ќе бидат споделени со Министерството за финансии и другите релевантни институции за да бидат вклучени во даночните реформи.
Заинтересираните учесници можат да пријават учество преку e-mail на следната адреса cvetkovic@cpmconsulting.eu не подоцна од петок 24 февруари 2023 .
Доколку не сте во можност да учествувате со физичко присуство, на средбата може да се приклучите и далечински преку Zoom.
Деталите за настанот со физичко присуство/online ќе биде споделено со учесниците кои го потврдиле своето учество.
Програмата на настанот можете да ја најдете на следниов линк
Со почит,