Нoвости
11 Jul

Одржан заеднички состанок меѓу Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации и Работната група за ревидирање на Законот за здруженија и фондации

11 July 2022

На 8 јули Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации и Работната група за ревидирање на Законот за здруженија и фондации одржаа заеднички состанок на кој се разговараше за Патоказот на активности за реформирање на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Целта беше да се постигне координација меѓу двете работни групи и подобро распоредување на активностите во насока на постигнување на целите утврдени во Стратегијата на Владата за соработка со граѓанските организации и нејзиниот Акциски план.

Средбата беше коорганизирана со Проектот за техничка поддршка „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија “, финансиран од Европската Унија. Експертите од проектот за ТП го презентираа Патоказот што опфаќа изготвување и усвојување законски измени за спроведување на реформата на системот на државно финансирање на граѓанските организации, финализирање на внатрешните акти и процедури за формирање на Фондот за поддршка на развојот на граѓанското општество, ангажирање и развивање на капацитетите на персоналот и изработка на Прирачник за примена на нови подзаконски акти за стандардите и процедурите за јавно финансирање на граѓанските организации.

Во фокусот на дискусијата беа предусловите за спроведување на Патоказот. Беа дефинирани клучните активности и беа договорени временските рамки. Работните групи ќе се сретнат одделно во текот на август, додека практиката на блиска координација преку заеднички средби ќе се задржи со уште еден заеднички состанок предвиден на почетокот на септември.

Агендата на средбата може да се најде овде.