Нoвости
31 May

Работилница со членовите на Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации одржана во Скопје, на 17ти Мај 2022

31 May 2022

Проектот за техничка поддршка во рамките на својата поддршка за унапредување на финансиската рамка за развој на граѓанското општество што опфаќа обезбедување на анализа на политики и препораки засновани на најдобрата практика на ЕУ, градење капацитети и размена на искуства со колегите од регионот на Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ, заедно со Генералниот секретаријат, Одделението за соработка со ГО организираше работилница за членовите на Работната група за реформа на системот на државното финансирање на граѓанските организации.

По воведните зборови на г-ѓа Сузана Никодијевиќ , раководител на работната група и г-ѓа Ирена Иванова, програмски менаџер на ДЕУ, ја истакнаа важноста на правната, институционалната и финансиската рамка за развојот на граѓанското општество и соработката помеѓу Владата и ГО, „Извештајот за финансиска поддршка на ГО од страна на Владата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа во 2021 година“ го претстави Елпида Самарџиоска од Одделението за соработка со ГО.

Експертот на Проектот за техничка поддршка Игор Видачак ја презентираше анализата на резултатите од прашалниците, по што следеше дискусија за клучните наоди и главните предложени опции за институционална поставеност за државно финансирање на ГО. Патоказот на активности вклучувајќи консултации со засегнатите страни, редослед на следните чекори и координација со други работни групи активни во областа на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество што ќе биде развиена со поддршка на експерти од Проектот за техничка поддршка.

Работилницата се одржа на 17ти Мај 2022 година во Скопје. Агендата на работилницата можете да ја најдете овде.